Достапни линкови

Борел во Белград за покренување на дијалогот со Приштина


Високиот преставник на Европската унија и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел

По специјалниот американски посредник Ричард Гренел, денеска во Белград, од Приштина пристигнува Високиот преставник на Европската унија и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел. Тој ќе оствари средби со претседателот Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ. Пред доаѓањето, Борел најави дека неговата прва официјална посета ја покажува посветеноста на ЕУ за Западен Балкан, кој ќе биде приоритет за време на неговиот мандат како министер за надворешни работи на ЕУ.

XS
SM
MD
LG