Достапни линкови

САД повеќе ќе ги користат грчките воени бази


Грчкиот парламент

Грчкиот парламент ги одобри измените на договорот со Соединетите држави со што се дозволува зголемување на заедничките американско-грчки и НАТО активности во грчките воени бази. „Ова е заеднички интерес на нашата одбрана и на нашите економии“, изјави грчкиот конзервативен пратеник Јанис Ламбропулос. Со договорот се предвидува зголемен пристап на американските капацитети во Лариса, Стефановикио и Александропулос во централниот и северниот дел на Грција, како и подобрување на американската поморска база на Крит.

XS
SM
MD
LG