Достапни линкови

Џонсон планира збогување со почит на Британија од ЕУ


Британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе декларира „зора на нова ера“ на денешниот таканречен Брегзит ден, но како што изјави, тоа ќе го стори со почит. Тој планира заминувањето на Британија од Европската унија да го одбележи во неговата резиденција на Даунинг стрит и да ги избегне екстравагантните прослави што ги планираат поддржувачите на Брегзитот. „Ова е момент кога се раѓа зората и се крева завесата за нов чин“, се наведува во неговиот говор што ќе биде пренесуван на телевизијата. Британија во јуни 2016 на референдум со 52 спрема 42 насто гласаше за излегување од Унијата.

XS
SM
MD
LG