Достапни линкови

Рот - Димитров: И напори за датум и напори за реформи


Никола Димитров и Михаел Рот во Берлин

Ако сакаме да се даде натамошно охрабрување на реформските процеси и да не дојде до поткопување на значајните достигнувања кои земјата ги постигна, како и да се сочува кредибилитетот и влијанието на ЕУ во регионот, неопходно е да се зграби првата следна прилика за донесување на долгоочекуваната и заслужена одлука, изјавил министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на денешната средба со германскиот министер задолжен за Европа, Михаел Рот.

Како што соопшти македонското МНР, на средбата во Берлин, бил направен рекапитулар на актуелните состојби во Северна Македонија, регионот на Западен Балкан, како и на ниво на ЕУ во однос на дискусиите со новата методологија за пристапни преговори и изградбата на консензус меѓу земјите-членки за одлука за почеток на преговорите.

Министерот Рот, велат од МНР, рекол дека ја споделуваат разочараноста заради неможноста Северна Македонија да го направи заслужениот чекор напред.

„Ќе ги продолжиме заедничките напори за постигнување на оваа цел во одлучувачкиот период пред нас. Паралелно, фокусот да се задржи на ЕУ реформите дома“, рекол Рот.

XS
SM
MD
LG