Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: предлог- законот за ЈО да се доработи


Архивска фотографија- Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, член на работната група за законот за јавно обвинителство, денеска изјави дека јавната расправа за тој предлог закон во голем дел дала потврда на многу забелешки кои претходно ги изнела опозицијата.

„Нашиот заклучок од јавната распава е дека најголемиот број на присутни стручни лица од правната и академската фела препорачаа овој Предлог закон за јавно обвинителство да се доработи од Министерството кое го предлага“, рече Милошоски.

За утре е закажана средба во поширок состав, најверојатно во Собранието. На оваа средба, според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, преку стенограмските белешки ќе се согледуваат дадените забелешки на јавната расправа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, додека јавната расправа за предлог-законот беше во тек, рече дека прво треба да се слушнат експертите што ќе кажат на расправата и ако нивните забелешки бидат преточени во законското решениетогаш тие би можеле да го поддржат.

XS
SM
MD
LG