Достапни линкови

Тачи: ЕУ да соработува со САД за дијалогот Приштина – Белград


Приштина- Косовскиот претседател Хашим Тачи и високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жосеп Борел

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска се сретна со високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел, со кого, како што изјави, разговарал за европската иднина на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

„Разговаравме за можноста за постигнување конечен договор со Србија. Борел има искуство во водењето политики и верувам дека со неговиот тим и државите членки ќе се заложи за транспарентен дијалог кој ќе ни донесе просперитетна иднина. Битно е Борел да биде поддржан од сите држави. Клучот на постигнувањето на конечниот договор е единството на ЕУ и соработката со САД. Очекувам од Брисел и Вашингтон интензивирање на напорите за успешно затворање на ова прашање“, изјави Тачи по средбата со Борел.

По престојот во Косово, каде што се предвидени средби и со лидерите на политичките партии и претставниците на немнозинските етнички заедници, Борел ќе отпатува за Белград, каде што ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со други државни и политички претставници.

XS
SM
MD
LG