Достапни линкови

Русија ја затвори границата со Кина поради коронавирусот


Архивска фотографија- Рускиот премиер Михаил Мишустин на состанок со неговиот кабинет

Русија ја затвори границата со Кина поради коронавирусот додека повеќе земји ги изолираат во карантин своите државјани кои ги евакуираа од кинескиот град Вухан, од каде што и почна вирусот од кој досега починаа 170 луѓе.

Рускиот премиер Михаил Мишустин рече дека неговиот кабинет денеска донел одлука веднаш да биде затворена границата меѓу двете земји која е петта најдолга копнена граница во светот. Тој додаде дека навремено ќе ги информираат сите за мерките поврзани со затворањето на границата и за другите владини мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Мишустин нагласи и дека во Русија досега нема регистрирано заболен од овој вирус.

Инаку, со потврдениот случај во Тибет денеска коронавирусот се прошири во секој регион на Кина. Потврдени случаи досега има во најмалку 16 земји, а кинеските здравствени власти соопштија дека повеќе од 7700 случаи се потврдени на нивна територија.

XS
SM
MD
LG