Достапни линкови

Русковска: Боки-13 да пријави ако има сознанија за корупција


Архивска фотографија- обвинителката Вилма Русковска

Обвинителката Вилма Русковска по денешното рочиште за случајот „Рекет“ го повика првоосмничениот во тој случај Бојан Јовановски да ги пријави во полиција доказите за корупција кои тврдеше дека ги има за неа.

„Го охрабрувам секој кој има за кого било да пријави во полиција. Не се сомневам дека полицијата професионално ќе си ја заврши работата“, рече Русковска.

Јовановски вчера кажа дека имал несоборливи докази за криминал поврзан со корупција на обвинителката Русковска вреден четири милиони евра и поради тоа побара нејзино изземање од „Рекет“.

Русковска ја оцени и како недозволива изјавата на нејзината колешка Лиле Стефанова, која како сведок во „Рекет“ рече дека судијката Добрила Кацарска, преку колега вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Јордан Камчев за предметот “Империја“. Кој било што има сознанија или мисли дека некој судија постапува непрофесионално треба тоа да го пријави во советот на судии, рече обвинителката.

„Колешката Стефанова, како обвинител таа процедура треба да ја знае. Недозволиво е вакви сомневања после година и половина да се изнесуваат во судница и без притоа да биде известен судскиот совет“, рече Русковска.

Стефанова го водеше случајот „Империја“ во кој е осомничен бизнисменот Камчев, кој е сведок во случајот „Рекет“. Според обвинението, Јанева, прво осомничениот Бојан Јовановски- Боки 13 и Зоран Милевски се здружиле за да му земаат пари на Камчев во замена за олеснителни околности во предметот кој тогашното СЈО го водеше за него. Милевски на првото рочиште ја прифати вината и доби три години затворска казна. На денешното судско рочиште се изведуваа материјални докази.

XS
SM
MD
LG