Достапни линкови

Спасовски: одлуката на ЕУ за датум да ја гледаме низ призмата на иднината на државата


Архивска фотографија- техничкиот премиер Оливер Спасовски

Одлуката што ЕУ треба да ја донесе во март во однос на почнувањето преговори за членство, исклучиво можеме да ја гледаме низ призмата на иднината на оваа држава. Ако таа се поврзува и помеѓу политичките субјекти, партиите.., мислам дека не треба или тешко на тој политичар кој смета дека националните интереси број еден во државата не треба да се остварат. Едно е да имате декларација дека се залагате за ЕУ и за НАТО, а второ е нешто и да направите во однос на остварување на овие соништа.

Ова денеска го изјави премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата на новинарско прашање дали датумот што земјава го очекува во март, има врска со изборите што ќе се одржат во април.

Вицепремиерот Бујар Османи во интервју за Агенција Европа објавено вчера рече дека да не се донесе одлука за датум за преговорите со ЕУ би било најголемото можно мешање во предвремените парламентарни избори во земјата кои се договорени за 12 април годинава.

Високите европски претставници кои неодамна беа во Скопје најавија дека датумот за преговори за Северна Македонија и Албанија ќе се разгледува на самитот на ЕУ во март, а слична најава стигна и од германската канцеларка Ангела Меркел.

XS
SM
MD
LG