Достапни линкови

Коронавирусот се шири низ цела Кина, досега 170 починати


Илустрација- тест за коронавирусот

Државите почнаа да ги стават во изолација стотиците евакуирани свои државјани од кинескиот град Вухан во обид да ги сопрат ширењето на вирусот од кој во Кина досега починаа 170 луѓе. Со потврдениот случај во Тибет денеска коронавирусот се прошири во секој регион на Кина.

Потврдени случаи досега има во најмалку 16 земји, а кинеските здравствени власти соопштија дека повеќе од 7700 случаи се потврдени на нивна територија. Австралија, Јужна Кореја, Сингапур и Нов Зеланд ги ставија во карантин од две недели нивните државјани кои ги евакуираа од Вухан, а Соединетите Американски Држави и Јапонија планираат изолација на пократок период.

Во меѓувреме, кинеската фудбалска асоцијација објави дека ги одложува сите домашни натпревари.

XS
SM
MD
LG