Достапни линкови

Помпео во Киев на средба со Зеленски


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео утре во Киев треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Ова доаѓа во момент кога во Сенатот се одвива процес за отповикување на претседателот Доналд Трамп кој од демократите е обвинет за злоупотреба на функцијата односно притисок врз странска земја, Украина да покрене истрага против неговиот политички опонент Џо Бајден. Во рамките на сегашната турнеја Помпео ќе ги посети и Белорусија, Казахстан и Узбекистан.

XS
SM
MD
LG