Достапни линкови

Трамп не може да биде отповикан поради Украина


американскиот претседател Доналд Трамп

Правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп оценува дека и доколку било вистина дека тој тргувал со воената помош за Украина за политичка услуга, тоа не може да биде основа за негово отповикување од функцијата. Алан Дершовиц, член на тимот кој го брани Трамп на судскиот процес во Сенатот вели дека секој политичар ги изедначува сопствените интереси со јавното добро и затоа тоа не може да биде казниво со отповикување. Демократите во Конгресот го обвинуваат Трамп дека ја злоупотребил функцијата барајќи од Киев да покрене истрага против можниот негов претседателски ривал Џо Бајден или во спротивно нема да добие воена помош.

XS
SM
MD
LG