Достапни линкови

Стапката на смртност од коронавирусот е два насто


Претставник на Светската здравствена организација задолжен за вонредни ситуации изјави дека стапката на смртноста од новиот вирус кој се појави во Кина е околу два насто. Доктор Мајкл Рајан рече дека повеќето луѓе инфицирани со коронавирусот изгледа имаат само благ вид на заболување. Од вирусот од типот САРС пред седумнаесет години стапката на смртност беше 10 насто. Над 6.000 луѓе се заразени од коронавирусот во светот, од кои 99 насто се во Кина. Рајан рече дека центарот на епидемијата е натаму е во градот Вухан, но оти појавата на слушаи во Јапонија, Виетнам и Германија ја загрижува Светската здравствена организација која денеска повторно ќе расправа дали да прогласи меѓународна вонредна ситуација.

XS
SM
MD
LG