Достапни линкови

Напад врз лица што вакцинирале во Пакистан, еден убиен


Архивска фотографија- здравствен работник вакцинира дете против полио во Пакистан

Неидентификувани напаѓачи денеска пукале кон две жени кои вакцинирале деца во северозападен Пакистан при што загинала една од нив, а другата е повредена.

Пукањето се случило во селото Пармоло, а двете жени учествувале во кампањата за имунизација со полио вакцина на локалното население. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.

Во последната деценија талибанските милитанти убија десетици здравствени работници и полицајци бидејќи веруваат во кампањата против вакцинација во која се тврди дека со неа се стерилизираат пакистанските деца.

XS
SM
MD
LG