Достапни линкови

Пакистан ја затвори границата со Авганистан по нападите со гранати


Архивска фотографија- Граничниот премин Торкхам меѓу Пакистан и Авганистан

Пакистан го затвори главниот граничен премин со Авганистан откако две гранати паднаа преку границата на негова територија. Од пакистанското министерството за надворешни работи денеска соопштија дека се во координација со авганистанските власти, додавајќи дека границата се очекува скоро да биде повторно отворена. Гранатите паднале во близина на граничниот премин ноќеска, а во нападот нема повредени. Граничниот премин Торкхам е главниот меѓу двете земји и дневно низ него поминуваат илјадници луѓе. Инаку, двете земји немаат лесни односи. Кабул го обвинува Исламабад за поддршка на талибанските милитанти, што Пакистан го негира, а препукувањата преку граница се чести.

XS
SM
MD
LG