Достапни линкови

Османи: недавањето датум во март ќе биде мешање во изборите


Архивска фотографија- вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи

Вицепремиерот Бујар Османи во интервју за Агенција Европа, смета дека е важно одлуката за отпочнување на преговорите со ЕУ да биде донесена во март, како признание за напорите на Владата.

„Да не се донесе одлука би било најголемото можно мешање во изборите, затоа што за време на овој мандат, преземавме политички ризик и ја втемеливме таа одлука врз ветувањето на ЕУ. Им рековме на нашите сограѓани, во референдумското прашање дека имаме договор со ЕУ: ако ние го исполниме нашето ветување, ЕУ ќе го исполни своето. Ако ЕУ не го стори тоа за време на овој мандат, ова ќе биде најголема интервенција во изборите и ќе има огромни последици“ вели вицепремиерот задолжен за европски прашања.

Османи оценува дека одлуката треба да биде донесена на мартовски самит на ЕУ, односно пред изборите во април.

Високите европски претставници кои неодамна беа во Скопје, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји, најавија дека датумот за преговори за Северна Македонија и Албанија ќе се разгледува на самитот на ЕУ во март.

Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, рече дека и таа ќе притиска на тој самит двете земји да добијат датум. Предвремените парламентарни избори во земјата се договорени за 12 април.

XS
SM
MD
LG