Достапни линкови

Без мобилен телефон на часови и во Ѓорче Петров


По Карпош, и во училиштата во Ѓорче Петров, од понеделник нема да може да се влегува на час со мобилен телефон. Ќе ги принуди ли тоа учениците, но и наставниците повеќе да се фокусираат на наставата?

Од 1 февруари во сите основни училишта во скопската општина Ѓорче Петров за време на наставата, учениците и наставниците ќе ги оставаат своите мобилни телефони во џебови пред училниците. Општината ја донесе оваа одлука, информирајќи дека пред почетокот на часот во изготвените џебови, нумерирани со бројки по дневник на учениците, присутните на наставата ќе треба да ги одложат исклучени мобилните апарати на означените места.
„Целта е непречено одвивање на наставниот процес. За наставниците кои нема да ги почитуваат насоките, следува дисциплинска мерка“, соопштија од општината.

Претходно, за прв пат оваа мерка беше имплементирана во скопски Карпош. Организаторите на мобилните телефони во Карпош беа на Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и дел од проектот „Вклучи внимание“, финансиран од Европската Унија.

„Речиси 100 отсто од наставниците тврдат дека доколку учениците за време на наставата ги немаат своите мобилни во себе, самиот час ќе тече подобро и ќе имаат поголем фокус. 78 проценти од учениците имаат телефон за време на наставата и голем процент од нив телефоните ги користат за да ги посетат социјалните мрежи што не е дел од наставната програма“, истакна тогаш претседателот на Здружението за дислексија „Ајнштајн“, Дамјан Николовски.

XS
SM
MD
LG