Достапни линкови

Владата го усвои Предлог-законот за заштита на личните податоци


Седница на Владата на Република Северна Македонија

Владата го утврди текстот на Предлог – законот за заштита на личните податоци во кој, освен што се врши усогласување со регулативата на ЕУ за ова прашање, се воведуваат нови решенија во однос на обработката на личните податоци. Како што соопшти владината прес-служба, во новиот предлог-закон се воведува контролен механизам на органите за заштита на личните податоци за нивно консултирање во однос на предлози за какви било законски или подзаконски акти кои вклучуваат обработка на личните податоци, како и обврска за обезбедување дека органите за заштита на личните податоци ќе ги имаат сите неопходни ресурси за ефективно извршување на нивните функции и да ги извршуваат нивните овластувања, како и нагласување на нивното самостојно, независно и непристрасно функционирање.

XS
SM
MD
LG