Достапни линкови

Во Кина 132 починати од коронавирусот


Кинеските власти соопштија дека досега биле потврдени 5.974 случаи на заболени со коронавирусот од кои 132 починале. Други над 9.230 случаи се под мониторниг под сомневање дека можеби се инфицирани со новиот вирус. Десетици случаи се потврдени и надвор од Кина, вклучувајќи ги Европа, Северна Америка и Азија. Симптомите на новиот вид коронавирус вклучуваат висока температура, кашлање и тешкотии во дишењето. Неколку земји почнаа да организираат таканаречни воздушни мостови, односно со авиони да ги враќаат нивните граѓани од Кина.

XS
SM
MD
LG