Достапни линкови

Студени реакции на планот на Трамп за Блискиот Исток


американскиот претседател Доналд Трамп

Европската Унија соопшти дека останува определена за „договореното и одржливо решение за две држави на Блискиот Исток“, веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп го претстави неговиот блискоисточен мировен план. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел најави дека ЕУ сака да ги проучи и процени предложените решенија. Тој смета дека притоа треба да се земат предвид легитимните стремежи на Палестинците и Израелците со почитување на сите резолуции на ОН и меѓународните спогодби.

Обединетите Нации соопштија дека се држат до нивните соодветни резолуции за формирање две држави кои живеат една покрај друга. Турција пак, го отфрли планот на Трамп и го оцени како анексија чија цел е уништување на решението за две држави. И Германија претпазливо реагираше на планот.

Претходно палестинскиот претседател Махмуд Абас го отфрли планот со кој се предвидува создавање палестинска држава на делови на Западниот брег, но му се дозволува на Израел да ги задржи сите еврејски населби на таа окупирана територија. Исто така се дозволува формирање на главен град на Палестина во предградието на источен Ерусалим, но поголемиот дел од тој град ќе остане под контрола на Израел.

XS
SM
MD
LG