Достапни линкови

Земјотрес со сила од 4,9 степени ја погоди Албанија


Земјотрес со сила од 4,9 степени синоќа ја погоди Албанија, а луѓето во Тирана излегоа на улиците. Во првичните извештаи се наведува дека нема оштетувања или повредени. Соопштено е дека епицентарот бил на 34 километри северозападно од Тирана на мала длабочина од седум километри под површината на земјата. Земјотресот бил проследен и со неколку послаби. На 26 ноември лани Албанија беше погодена од земјотрес со сила од 6,4 степени при што загинаа пеесетина луѓе, а околу 15.000 останаа без покрив над главата. ЕУ закажа донаторска конференција за 17 идниот месец за собирање пари за помош на Албанија.

XS
SM
MD
LG