Достапни линкови

Жбогар повика Македонија да продолжи со реформите


Македонско знаме и знамето на ЕУ

Идните заеднички односи меѓу Европската унија и Северна Македонија ќе се базираат на три столба поставени од Унијата и три приоритети кои земјата треба да ги заврши како обврски, рече денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар во обраќањето на тркалезна маса насловена „Патот кон НАТО и ЕУ – предизвици и перспективи“. Настанот беше во организација на Советот на амбасадорите во соработка со кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Според Жбогар, првиот столб на ЕУ се однесува на новата методологија на преговорите за членство што треба да ја претстави Европската комисија, вториот е во врска со одлуката за почеток на преговори на која од лидерите на ЕУ се очекува да се осврнат пред загрепскиот Самит во мај, и третиот е самиот Самит во Загреб, кој ќе се фокусира на економски развој и закрепнување на регионот.

Од друга страна, Северна Македонија, како што рече евроамбасадорот, треба да продолжи со реформите, особено во делот на правосудството, борба против корупција и организиран криминал и реформа во разузнувањето, со цел, како што вели, граѓаните да се сигурни дека сите се еднакви пред правдата, дека криминалот се санкционира и оти основните права се почитуваат.

XS
SM
MD
LG