Достапни линкови

Движењето „1 од 5 милиони“ излегува на изборите во Србија


Архивска фотографија- транспаренти на Движењето „1 од 5 милиони“ поставени во Белград

Движењето „1 од 5 милиони“ ќе излезе на претстојните парламентари избори, кои се најавени за април оваа година, соопшти денеска таа организација. Една од членките на движењето, Валентина Рековиќ даде изјава за новинарите пред зградата на Ректоратот.

„Се радуваме што многумина имаа што да кажат овие денови. Јасно ни е дека дел од опозицијата го поткопува обединувањето на опозицијата. Затоа излегуваме на избори“, истакна Рековиќ.

Приврзаниците на ова движење повеќе од една година протестираат низ Белград и други српски градови во знак на протест против владеењето на партијата на актуелниот претседател на Србија Александар Вучиќ, за која тврдат дека е автократска, корумпирана и гази врз основните слободи.

XS
SM
MD
LG