Достапни линкови

Франција - Источното партнерство не значи членство во ЕУ


Архивска фотографија: Учесниците на 10-тиот состанок ЕУ - Источно партнерство во Брисел на 13 мај 2019

Франција ги отфрли сугестиите дека Источното партнерство може да доведе до членство во Европската унија на земјите кои се вклучени во програмата и инсистира половина од идните финансирања да одат во областа животна средина, се наведува во двата документа во кои увид имаше Радио Слободна Европа.

Париз ова го наведува во двата документи отворени за дискусија, кои се подготвени во октомври 2019 и јануари 2020 година, како дел од процесот на консултации инициран од Европската комисија пред планираното објавување на извештајот за Европското партнерство.

Шест поранешни советски републики - Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина се дел од Источното партнерство кое е создадено во 2009 година.

Москва изрази силно несогласување со оваа програма, нагласувајќи дека поблиски економски врски меѓу ЕУ и нивните најважни трговски партнери може да ги поткопа руските интереси.

Официјален Париз, силно се залагаше Северна Македонија и Албанија да не почнат преговори со ЕУ додека У0нијата не се реформира внатре и со тоа предизвика разочарување на Западен Балкан. Дипломат од источните земји членки на ЕУ за РСЕ вели дека Франција не сака да направи ништо во соседството што потенцијално би ја вознемирило Москва.

XS
SM
MD
LG