Достапни линкови

Во Кина 2700 болни од коронавирус, 40 во други држави


Кина- медицински лица со заштитни маски

Кина потврди дека на нејзина територија 2700 луѓе се заразени од новиот коронавирус, а дека 80 болни починале. Повеќето од нив се од провинцијата Вухан која беше прва од погодените од вирусот минатиот месец.

Повеќе од 40 случаи се пријавени и на други места во светот, а сите од нив се поврзуваат со кинески туристи или со луѓе кои го посетиле Вухан.

Според досегашните податоци осум заразени има во Тајланд, пет во Австралија, исто толку во Соединетите Американски Држави, по четворица во Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур и Малезија, по тројца заболени во Франција и Тајван, двајца во Виетнам и по еден во Канада и Непал.

XS
SM
MD
LG