Достапни линкови

Светските ѕвезди се простуваат од Коби Брајант


Коби Брајант

Многубројни светски ѕвезди и претседателот на САД Доналд Трамп се простија од легендата на НБА лигата Коби Брајант кој вчера загина во пад на хеликоптер во Калифорнија. Трамп изјави дека веста за загинувањето на Брајант е „ужасна“, додека многумина ѕвезди пишуваат дека се уште не веруваат оти Брајант загинал. Во падот на хеликоптерот загинаа сите девет патници, а меѓу нив била и 13 годишната ќерка на Брајант. Причината за падот на хеликоптерот од типот Сикорски Ц-76 се истражува. 41 годишниот Брајант чиј прекар беше „Црна мамба“ е еден од најдобрите кошаркари на НБА лигата на сите времиња. Целата кариера, 20 сезони, играше за Лос Анџелес Лејкерс и освои пет шампионски титули, а со репрезентацијата на САД две олимписки медали.

XS
SM
MD
LG