Достапни линкови

Болтон: Трамп сакаше да ја замрзне помошта за Украина


екс советникот за национална безбедност Џон Болтон

Американскиот претседател Доналд Трамп во август лани изјави дека сака да ја замрзне воената помош за Украина се додека тамошните власти не помогнат со истрагата на неговите политички ривали, вклучувајќи го и поранешниот потпретседател Џо Бајден. Ова го пишува весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на објавен ракопис на екс советникот за национална безбедност Џон Болтон. Белата куќа досега не го коментира ова пишување на весникот. Правниот тим на Трамп на судењето за негово отповикување во Сенатот изјави дека не постојат докази оти Трамп ја условувал помошта за Украина со покренување истрага за Бајден.

XS
SM
MD
LG