Достапни линкови

Ракети врз амбасадата на САД во Ирак


во Багдад продолжуваат протестите

Пет ракети паднале во близина на американската амбасада во Багдад, ранувајќи неколку луѓе. Три проектили ја погодиле инсталацијата на зградата, додека една паднала во ресторанот на амбасадата. До ова дојде во момент кога во Багдад продолжуваат протестите против корупцијата и мешањето на странските сили во ирачките внатрешни работи, како и против американското воено присуство во Ирак. Ирачкиот прмиер Адел Абдул Махди го осуди нападите и најави дополнителни мерки за заштита на дипломатските претставништа во земјата. Ова беше трет ваков напад во овој месец.

XS
SM
MD
LG