Достапни линкови

Откриени администраторот и телефонските броеви на членовите на „Јавна соба“


Полицијата го откри администраторот и ги има телефонските броеви на членовите на затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ на која се објавувани фотографии со експлицитна содржина, јави МИА, повикувајќи се на извори од истрагата. Станува збор за околу 7.400 телефонски броеви на членови на „Јавна соба“. Истрагата што ја води Бирото за јавна безбедност продолжува, но повеќе детали засега не се откриваат. Реакции за групата имаше вчера по социјалните мрежи. Според споделените информации на социјалните мрежи дел од фотографиите објавени во оваа затворена група се преземени од отворени профили, а дел биле препраќани преку приватни профили и имале порнографска содржина.

XS
SM
MD
LG