Достапни линкови

НБА легендата Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа


Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во хеликоптерска несреќа. Според американските медиуми, поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс летал со најмалку четворица други во Калабас со неговиот приватен хеликоптер кога леталото се урнало.

Претставниците на округот Лос Анџелес соопштија дека нема преживеани во несреќата. Смртта на НБА иконата ја потврдија ЕСПН, Си-Ен-Ен и Лос Анџелес Тајмс повикувајќи се на неидентификувани извори.

Според првичните медиумски извештаи сопругата на Брајант, Ванеса не била меѓу оние што се наоѓале на хеликоптерот.

XS
SM
MD
LG