Достапни линкови

Лажна тревога за заболен од коронавирус во Србија


Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар денеска изјави дека пациентот од Кина за кој во Белград се посомневале дека има коронавирус, не бил инфициран од овој вирус. Во изјава за Радио телевизија Србија, тој вели дека по тестирањето било откриено дека станува збор за друга респираторна инфекција.

Лончар потенцира дека Србија има реагенси не само за еден вид коронавирус, туку за четири типа и дека во рок од два часа тие можат да утврдат дали пациентот е заболен. Првиот човек на српското министерство за здравство вели дека по тестирањето се сигурни дека пациентот нема коронавирус, туку дека станува збор за инфекција на респираторниот систем.

Во меѓувреме, директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Бобан Мугоша денеска изјави дека работници од Кина кои градат автопат во Црна Гора се под постојан здравствен надзор, а поради ширењето на коронавирусот се засилени мерките на претпазливост.

XS
SM
MD
LG