Достапни линкови

Британскиот принц Чарлс сака да го посети Иран


Британскиот принц Чарлс, во интервју за весникот „Сандеј Тајмс“вели дека би сакал да оствари официјална посета на Иран, притоа нарекувајќи ја земјата како „многу важен дел од светот“.

„Да, очигледно би сакал да одам во Иран. Знам дека Иран толку многу векови е важен дел од светот и допринесе толку многу за човековото знаење, култура, поезија, уметност. Мислам, навистина извонредни луѓе“, вели принцот Чарлс во интервјуто.

Сепак, запрашана за идна кралска посета, портпаролката на принцот Чарлс изјави дека не е планирано такво патување. Коментарите следуваат откако тензиите меѓу Техеран и Западот, особено со Велика Британија и Соединетите држави се зголемија, поради воените напади претходниот месец.

XS
SM
MD
LG