Достапни линкови

Кина забрани трговија со диви животни


Кина од денеска ја забрани трговијата со диви животни на пазарите, супермаркетите, рестораните и интернет просторот заради појавата на коронавирусот, соопшти Министерството за земјоделство и Бирото за шумарство. Сите места за одгледување диви животни треба да бидат изолирани и нивниот транспорт да биде забранет, се вели во соопштението.

Вирусот, кој инфицираше над 2.000 луѓе ширум светот и остави 56 луѓе мртви во Кина, беше откриен на рибниот пазар во Вухан, каде илегално биле продавани и диви животни.

Во меѓувреме Соединетите Американски Држави денеска го потврдија третиот случај на коронавирус, кај пациент кој пристигнал во Калифорнија од кинескиот град Вухан.Пациентот, наводно, е изолиран во болница и е во добра здравствена состојба. Седум кинески државјани од хотел во Москва вчера биле пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна респираторна болест.

XS
SM
MD
LG