Достапни линкови

Спасовски: Законот за јавно обвинителство наскоро во Собрание


Оливер Спасовски

Законот за јавно обвинителство ќе биде доставен во Собранието многу скоро, изјави на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски охрабрувајќи ги притоа сите политички субјекти, политички партии, парламентарни групи и независните пратеници да продолжи дијалогот со Владата.

„Тука посебно сакам да ги повикам пратениците од парламентарната опозиција, од најголемата опозициска патија да се престане со партиски калкулации, со политиканство, со ставање на своите политички, лични интереси пред интересите на државата и конечно да се вградат во еден закон што ќе значи гарантирано зголемување на правдата, гарантирано зголемување на судството на јавното обвинителство, од една страна и второ да помогнат барем еднаш сега да ги оствариме нашите интереси во делот на законот за јавно обвинителство и добивањето датум за почеток на преговорите“, рече Спасовски.

Техничкиот премиер додаде дека тоа не е услов од страна на ЕУ за добивање датум за преговори, но оцени дека е дополнителен позитивен момент што ќе биде потребен за да ги отпочнеме преговорите што е можно поскоро.

XS
SM
MD
LG