Достапни линкови

Нуредини: Единствениот опасен отпад во земјава е комуналниот


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини

Министерот за животна средина Насер Нуредини во изјава за МИА вели дека единствениот опасен отпад во земјата е комуналниот отпад. Тој уверува дека во земјава се увезува само отпад за рециклирање и за повторна употреба.

„Единствениот опасен отпад што го имаме во нашата земја е комуналниот отпад. Не дозволуваме во нашата земја да се увезува каков било отпад за депонии или некакво складирање. Единствениот отпад што се увезува е за рециклирање и повторна употреба, и ништо друго. Ако постои сомнение за какви било активности од тој тип, ќе покренеме истрага со надлежните и ќе се осигураме тоа никогаш да не се случи, вели Нуредини.

За тоа кој ја врши контролата на она што влегува во земјата како отпад и кој ја има најголемата одговорност, Нуредини вели дека тие како институција креираат политики и дека царината мора да знае што се увезува во земјата.

Прашањето за опасниот отпад и воопшто за отпадот се актуализираше откако Обвинителството во Бургас отвори истрага за нерегулиран увоз на 25 контејнери со италијански отпад на пристаништето во бугарскиот град. Со случајот се поврзува трговското друштво „Блацион“ООД, со адреса и седиште во Софија, а удел во нејзиното сопствеништво, пак имаат Блаже Игњатовски и Горан Ангелов, кој до неодамна беше на чело на „Дрисла“.

Според Обвинителството во Бургас отпадот откриен во контејнерите не е радиоактивен или токсичен, но сепак утврдена е неусогласеност меѓу наведеното во документацијата на контејнерите и нивната содржина.

XS
SM
MD
LG