Достапни линкови

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на јавната расправа за законот за јавно обвинителство


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се донесе законот за јавно обвинителство доколку Владата, односно предлагачот има сериозна намера да ги прифати забелешките на опозицијата и ќе продолжи да учествува во работните групи и на јавната расправа, порача денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

„ Апсолутно во сето она што е во интерес на граѓаните и процесите, ние ќе учествуваме и тука сме да соработуваме. Следната недела ќе има јавна дебата на која што ќе можеме да дискутираме околу текстот на овој закон на експертско ниво, на стручно ниво, ќе бидеме дел и од политичките преговори, но ќе бидеме дел и од оваа експертска дебата“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не е против носење на законот и дека основа за преговори постои. Додава дека и другата страна треба да има желба за да се постигне решение, односно да се прифатат аргументираните забелешки од нивна страна.

XS
SM
MD
LG