Достапни линкови

Путин бара повторно разгледување на „случајот Котов“


Константин Котов

Рускиот претседател Владимир Путин му наложил на јавниот правобранител да ја разгледа законитоста на изрекувањето казна на активист на опозицијата затворен за постојано учество во неовластени собири, јавуваат руските медиуми.

Константин Котов беше осуден на четири години затвор во септември 2019 година според контроверзниот закон со кој се криминализира учеството во повеќе од еден протест во рок од 180 дена.

Триесет и четиригодишниот компјутерски програмер Котов беше приведен на 10 август за учество во митинг со кој се бараше опозицијата и независните кандидати да бидат на гласачкото ливче за изборите за градската Дума во Москва што се одржаа на 8 септември.

Забраната за кандидати предизвика бран протести во Москва и на други места во Русија минатото лето, од кои некои беа насилно потиснати од полицијата, а илјадници беа кратко притворени, што пак предизвика меѓународна осуда. Котов беше еден од неколкуте активисти казнети со затворски казни по протестите.

Група руски православни свештеници го истакнаа случајот на Котов во отвореното писмо на 18.09.2019 година, во кое се изразува загриженост за владиното однесување кон демонстрантите.

XS
SM
MD
LG