Достапни линкови

Уништени илјадници музејски експонати во пожар во Њујорк


илустрација

Околу 85.000 предмети што ја раскажуваат приказната за кинеските имигранти во САД, најверојатно се уништени вопожар што го зафатил музејот во кинескиот кварт во Менхетан, соопштија музејските власти.

Претседателката на кинескиот музеј на Америка, Ненси Јао Масбах, за Њујорк Тајмс изјави дека голем дел од историјата и артефактите од колекцијата, најверојатно, се уништени во пожар што ја зафатил зградата каде што музејот чувал експонати. Противпожарната служба соопшти дека пожарот не бил локализиран и по 24 часа од првиот извештај.

Според Масбах пожарникарите сооптиле дека никој нема да смее да влезе во опожарената зграда најмалку три недели и дека музејските предмети, најверојатно ќе бидат потопени во вода и до тогаш ќе бидат непоправливо оштетени. Девет пожарникари и еден цивил се повредени во пожарот.

Причината за пожарот е под истрага.

XS
SM
MD
LG