Достапни линкови

Кина го прошири карантинот, во Хонг Конг вонредна состојба поради коронавирус


Кина денес објави дека го проширува санитарниот кордон што треба да го спречи ширењето на вирусот што прв пат се појави во Вухан. Според некои проценки, поради оваа мерка ќе бидат отсечени 56 милиони луѓе од светот.

Новата мерка опфаќа пет града во централната провинција Хубеи, додека досега, 13 се веќе ставени во карантин. Во рамките на воведените карантински мерки, јавниот превоз кон овие градови е затворен, а затворени се иавтопатите што водат до нив.

Кина соопшти дека досега починале 41 лице, а најмалку 2928 случаи се пријавени во 29 провинции низ целата земја, при што 237 пациенти се наоѓаат во сериозна состојба.

Во меѓувреме главниот администратор на Хонг Конг, Кери Лам, денеска објави вонредна состојба и мерки за ограничување на врските на градот со континентална Кина поради новиот коронавирус.

Училиштата, кои сега се на одмор за Лунарната нова година, ќе останат затворени до 17 февруари. Јапонија го потврди третиот случај на инфекција – 30-годишна жена која живее во Вухан, која пристигнала во Јапонија на 18 јануари, соопшти Министерството за здравство.

Во Австралија има четири болни во два различни града. Малезија објави за први случаи на заболени од новиот коронавирус на своја територија. Франција потврди три случаи на заразени од смртоносниот вирус.

XS
SM
MD
LG