Достапни линкови

Опозицијата обвинува, власта ги правда политиките за младите


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека во 2019 година се иселиле над 10.000 млади лица од нашата држава и за тоа ги обвини лошите политики на власта.

„Младинската невработеност е највисока во Европа, додека долгорочната невработеност кај младите луѓе изнесува преку 80 % во одредени региони од државата“, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ пак Зоран Заев кој вчера се сретна со младите во Радовиш истакна дека младите ќе бидат во центарот на вниманието и во новата изборна програма на СДСМ. Според него официјалните мерки и спроведените реформи се доказ дека СДСМ во изминатите 2 и пол години покажал дека верува во младите и со нив гради партнерски однос.

„Во изминативе 2 и пол години вработени се околу 60.000 лица од кои 54 отсто се млади. Младинската невработеност која во 2016 изнесуваше 48.2 отсто денес изнесува 35 отсто.Го донесовме Законот за млади со кој за прв пат се дефинира категоријата на млади во државата, дефинирани се формите за младинско учество и инклузија во креирањето на политиките. Донесен е и Законот за младински додаток со кој на секој млад човек до 23 години вработен во производство ќе добива плус 3.000 денари додаток на плата“, истакна претседателот Заев на средбата со младите во Радовиш.

XS
SM
MD
LG