Достапни линкови

Грчките пратеници ги изгласаа измените во изборниот закон


Седница на грчкиот парламент

Со 163 гласа „за“ од пратениците на владејачката Нова демократија и опозициската Грчко решение и 121 „против“ од останатите партии, грчкиот парламент синоќа ги изгласа измените во изборниот закон, јави дописничката на МИА од Атина. Со оглед на тоа дека новиот закон не беше изгласан со зголемено, двотретинско мнозинство, промените нема да се применат на следните избори, туку на тие после нив.

Новиот изборен закон предвидува укинување на едноставниот пропорционален систем и повторно воведување на бонус пратенички места за првата партија, но во зависност од освоениот број гласови.

Со новиот закон, партијата што ќе освои 25 отсто ќе добие бонус 20 пратенички места, со освоени од 25 до 40 отсто ќе добие едно пратеничко место плус за секои 0,5 проценти од гласовите. Партијата победник на изборите ќе може да добие бонус од најмногу 50 пратенички места доколку освои 40 отсто од гласовите.

Воведување пропорционален модел и укинување на бонусот од 50 пратенички места за првата партија, беа предлозите за измени во изборниот закон кои ги донесе СИРИЗА во 2016, меѓутоа не беа изгласани со двотретинско мнозинство што беше предуслов да се применат на следните избори. Последните парламентарни избори во јули минатата година, се одржаа по стариот систем.

XS
SM
MD
LG