Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат за лиценците за канабис: Бомби или петарди


По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ и партискиот секретар Игор Јанушев, дека „власта на свои фирми им поделила 31 лиценца за одгледување канабис“, од СДСМ одговорија дека овие обвинувања од Јанушев се „само уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку измислици да добијат ситни политички поени. Ништо не го менува фактот дека опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот“, се наведува во партиската реакција, во која се додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загуби претстојните парламентарни избори, исто како што бил случајот и со последните локални и претседателски избори.

Преттходно, на прес-конференсија, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, рече дека според нивните информации најголем дел од 31-та лиценца за одгледување марихуана во 2019 година биле издадени незаконски. Тој тврди дека Министерството за здравство не врши воопшто инспекциски надзор колку канабис е одгледан кај голем дел од компаниите, па огромна количина од канабисот, како што рече, се продава на црно за огромни суми на пари.

XS
SM
MD
LG