Достапни линкови

Ердоган: 400.000 сириски бегалци од Идлиб одат кон Турција


Германската канцеларка Меркел и турскиот претседател Ердоган на денешната заедничка прес-конференција во Истанбул, Турција

Околу 400.000 луѓе од северозападната сириска провинција Идлиб се движат кон турската граница поради обновените напади од сириските владини сили, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.

Турски хуманитарни групи почнаа со изградба на повеќе од 10.000 куќи во Идлиб за да го засолнат растечкиот број лица раселени од борбите, додека Турција се обидува да спречи нов бран мигранти преку нејзината граница. Ердоган рече дека Меркел му нагласила оти Германија може да обезбеди одредена поддршка за тие планови.

XS
SM
MD
LG