Достапни линкови

Втор заразен од коронавирус во САД, под надзор уште 63 сомнителни


Предупредување за патниците на аеродромот во Сиетл, САД, во врска со вирусот во кинескиот град Вухан

Пациент хоспитализирана во Чикаго е вториот потврден случај на коронавирус во САД, соопштија денеска американските Центри за контрола и заштита од заболувања, пренесоа светските новински агенции.

Д-р Нанси Месониер, директорка на Националниот центар за имунизација и респираторни заболувања на ЦДЦ, на прес-конференција изјави дека нивната агенција следи 63 други потенцијални случаи во 22 различни сојузни држави.

Новиот пациент е жена во 60-ти години, која патувала во Вухан, Кина - епицентарот на смртоносниот вирус, во кој загинаа најмалку 26 лица и над 1000 заразени. Таа се вратила дома во САД и откако забележала промени кај неа се јавила кај лекар.

XS
SM
MD
LG