Како руските медиуми известуваа за соборениот украински авион
Руските про-владини телевизии ги исмеваа изјавите на западните лидери дека украинскиот авион бил соборен од Иран се до признанието на Техеран дека го направиле тоа. Но, насоката на известување сега продолжи во обвинувања дека САД се виновни за трагедијата поради убиството на генералот Солејмани.