Достапни линкови

Владејачката партија го поддржа предлогот на Путин за премиер


Русија- државната дума на пленарна сесија за избор на нов премиер, 16.01.2020

Владејачката партија во Русија ја даде поддршката за предлогот на рускиот претседател Владимир Путин да го номинира за премиер Михаил Мишустин. Во денешното соопштение на Единствена Русија се дава „едногласна поддршка“ за не многу познатиот Мишустин да го замени досегашниот премиер Дмитри Медведев кој вчера си поднесе оставка.

Руската влада која ја предводеше Медведев поднесе оставка, само неколку часа откако претседателот Путин во своето годишно обраќање до нацијата во Федералното собрание побара уставни измени со кои ќе се зголеми моќта на парламентот. Во пресрет на денешното гласање во парламентот за избор на Мишустин за премиер, Сергеј Неверов од Единствена Русија, рече дека тие одлучиле да му дадат едногласна поддршка на кандидатот кој го предложи нивниот лидер.

Партијата на Путин има три четвртини од пратениците во долниот дом на парламентот, што значи дека изборот на Мишустин не е доведен во прашање. Педесет и три годишниот кандидат за премиер работи во владата од 1998 година, а на чело на Федералната даночна служба е од 2010 година.

XS
SM
MD
LG