Достапни линкови

Опозициските партии во Грција на консултации за предлогот за претседател


Архивска фотографија- седница на грчкиот парламент

Преку моето лице се изразува почит и кон правдата и кон современата Гркинка, вели Екатерини Сакеларопулу за грчката новинска агенција АНА-МПА по предлогот од премиерот и претседател на Нова демократија Кирјакос Мицотакис таа да биде изборот на владејачката партија за претседател на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Опозициските партии во Грција, во текот на денешниот ден ќе одржат состаноци за да ја одредат нивната позиција во однос на предлогот на грчкиот премиер Екатерини Сакеларопулу да биде новиот претседател. Претседателот на државата, во Грција го избираат пратениците, а иако мандатот на актуелниот претседател Прокопис Павлопулос истекува кон средината на март, се очекува веќе следната седмица да започнат процедурите во Парламентот.

Очекувањата се дека Сакеларопулу ќе добие широка поддршка од Парламентот, бидејќи владиното мнозинство има 158 пратеници и ќе му бидат потребни уште 42 од опозициските партии за да биде избран претседател уште при првото гласање.

XS
SM
MD
LG