Достапни линкови

Рама го тужи косовскиот премиер во заминување Харадинај


Архивска фотографија- албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама до Основниот суд во Приштина поднел тужба за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Харадинај. Тужбата се однесува на клевета дека Рама наводно се залагал за размена на територии меѓу Белград и Приштина.

Харадинај оценува дека тужбата нема основ и дека е поднесена само за да се избегне политичката одговорност. Тој наведува дека во законски предвидениот рок ќе даде одговор на тужбата, која ја нарече неоснована и обид за избегнување на одговорноста.

Рама, пак, во тужбата наведува дека Харадинај во неколку емисии емитувани во октомври минатата година зборувал за размена на територии меѓу Белград и Приштина, обвинувајќи го него дека со Хашим Тачи и Александар Вучиќ ја отвориле идејата за размена на територии.

XS
SM
MD
LG