Достапни линкови

Судењето за „ТНТ“ продолжува


Екс-министерот Миле Јанакиески и екс-градоначалникот Тони Трајковски на судење за ТНТ

Судењето за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски „ТНТ” продолжува денеска, откако на вчерашното рочиште повторно не се појави обвинетиот Тони Трајковски. Тоа беше второ непојавување на Трајковски, откако поради немање уредна покана не се појави и на претходното рочиште. Судијата Огнен Ставрев, изјави дека за следното рочиште има наредба до МВР за присилно спроведување на Суд. Случајот почнува од почетокот со нов состав на судечкиот совет. За делото се обвинети повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

XS
SM
MD
LG