Достапни линкови

Хјуман рајтс воч: кинеска светска офанзива против човековите права


Кенет Рот

Кинеската влада ја користи својата економска моќ со невидена сила да го нападне меѓународниот систем за заштита на човековите права, оцени организацијата Хјуман рајтс воч, повикувајќи ги светските демократии да реагираат. „Кинеската влада води најинтензивна офанзива против меѓународниот систем за човекови права од кога се појави во средината на 20 век“, рече во Њујорк извршниот директор на таа невладина организација Кенет Рот, претставувајќи го извештајот во кој се опфатени околу 100 земји. Во него се наведува дека Кинеската Комунистичка партија изградила во земјата „орвеловска високотехнолошка полициска држава и усовршен систем на цензура на интернет за да ги повлекува јавните критики. Во светот пак, кинеската влада, како што се наведува, „го користи нејзиното растечко економско влијание за да ги замолчи критиките“.

XS
SM
MD
LG